Кошаркарите од ООУ „Петар Поп Арсов“ го освоија училишниот кошаркарски Куп на Општина Карпош 2016, откако денеска во малата сала на С.Р. Ц „Борис Трајковски“, во финалето ги совладаа своите соперници од ООУ „Димо Хаџи Димов“ со убедлив резултат, 52:40.

 

Дополнителна тензичност на теренот и спортските трибини внесе резултатската неизвесност која беше присутна се до полувремето, кога основците од „Димо Хаџи Димов“ се упатија на паузата со предност од два поени. (21:19). Меѓутоа, во последната четвртина, поагресивната одбрана и фокусираниот напад им го донесе победничкиот трофеј на „Поп Арсовци“.

 

Финалниот меч  го следеа и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, во придружба со гостите од збратимените општини, Нови Београд, Сремски Карловци и Тиват, кои дојдоа денеска во пријателска посета по повод одбележување на четири деценискиот јубилеј од основање на локалната самоуправа. Првиот човек на Општината, Јакимовски, ја искористи оваа пригода и им го додели победничкиот трофеј на шампионите, како и дипломите за освоено прво место и учество во Купот.

Откако девојчињата го освоија првото место во одбојка, нивните соученици триумфираа во фудбалскиот Куп, вбројувајќи го и денешниот успех во кошарка,  севкупно сумирано, ООУ „Петар Поп Арсов“ и официјално е носител на тројната круна на училишниот спортски Куп на Општина Карпош.