Учениците и наставниците од Турција, Полска и Бугарија кои се партнери на ООУ „Петар Поп Арсов“ во проектот Еразмус + „Пронајди го моето ехо во тебе“, денеска беа во пријателска посета кај градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски. Во рамки на средбата, првиот човек на општината ги запозна своите гости со актуелните случувања во локалната самоуправа, а се говореше и за условите во кои учат основците од Карпош.

  • Информиран сум за проектот Еразмус и за придобивките од размената на ученици и искуства, како од регионов, така и од Европа. Ние како општина ги поддржуваме сите проекти кои се во интерес на учениците и учителите во областа на образованието. Едукацијата на младите кадри е од особено значење за целото општество – истакна Јакимовски.

Тој им објасни на гостите, дека општина Карпош вложува континуирано во подобри услови за основците, постојано инвестирајќи во училишната инфраструктура и давајќи им поддршка преку стипендии за талентирани ученици и спортисти.