ПРЕД  НОСЕЊЕТО НА БУЏЕТОТ ЗА 2020

Паркингот, одржувањето на комуналната хигиена и урбанистичкото планирање се главните проблеми кои граѓаните на Општина Карпош ги посочија во пресрет на носење на новиот Буџет на локалната самоуправа. Ова го потврдува теренски спроведената анкета на Агенција „Рејтинг“, на репрезентативен примерок од 1000 испитаници, во периодот од 13 – ти до 19 – ти ноември, рамномерно во сите урбани заедници низ Карпош.

Кој би рекле дека е главниот проблем со кој се соочува вашата општина денес и е од надлежност на локалната самоуправа?

 

Со цел да се реши еден од главните проблеми, паркирањето, локалната самоуправа веќе започна со подготовка на анкета за УЗ Карпош 1 и УЗ Карпош 2, при што граѓаните ќе одлучат дали се за регулација на паркирањето или не.

 

Кога станува збор за комуналната хигиена, на почетокот на 2020 година, ќе бидат набавени две нови цистерни со кои ќе се мијат сервисните улици и значително ќе се подигне нивото на хигиена во Карпош.

Општината се фокусира и кон хуманизација на јавниот простор, а добиената „битка“ за салата „Партизан“ е потврда дека трајно се заштитува една важна јавна површина во урбаното јадро.

 

Ова испитување на јавното мислење ја мери и довербата на граѓаните во локалната самоуправа и градоначалникот Стефан Богоев. Речиси 60 отсто од граѓаните имаат доверба во Општината, со што се бележи раст во довербата споредено со минатата година.

Дали, во локалната власт на Општина Карпош, би рекле дека имате:

 

Во споредба со 2018 година, расте и задоволоството на карпошани од работата на градоначалникот Богоев. Така, 55 % од нив сметаат дека градоначалникот во изминатата година успешно ја реализирал ветената програма,

Дали ветената програма градоначалникот Стефан Богоев во оваа една година ја реализира

 

Теренската анкета го мери и задоволството на граѓаните од работата на Општина Карпош во повеќе области од нејзина надлежност. Резултатите покажуваат големо задоволство на граѓаните од управувањето со градинките и основните училишта, 44% од карпошани главно се задоволни во овие области, а 50 % од жителите сметаат дека Општината делува добро во одржувањето на улиците и инфраструктурата.

 

Изминатата 2019 година значително се инвестираше во подобрување на условите во воспитно – образовните установи. Направена е целосно нова градинка во Бардовци, подобрени се условите во „Мајски цвет“, во Тафталиџе 2, а се воведе и нов начин на учење преку игра во дел од градинките.

Колку сте задоволни од работата на локалната власт во следните области во нејзина надлежност?

 

Ограничувањето на употребата на мобилните во наставата е проект за кој граѓаните даваат зелено светло и со истиот целосно се задоволни  51 % од анкетираните. Забележлива е и голема поддршка за воведувањето на здраво мени за исхрана во градинките, унапредување на безбедноста пред училиштата и градинките (преку поставување на „лежечки полицајци“ и ЗОНА 30), а Иницијативаta за спас и обнова на „Партизан“ исто така е проект кој карпошани го поддржуваат.

 

Како граѓанин на Општина Карпош, за секоја активност, ќе ве замолам да ми кажете дали сте многу задоволен, задоволен, незадоволен или многу незадоволен?

 

Оваа анкета се спроведе во пресрет на носењето на новиот Буџет на Општина Карпош. Со цел да се зголеми партиципативноста, учеството на граѓаните при неговото креирање, локалната самоуправа покрај оваа анкета, креираше и анкетен прашалник, кој беше поставен на веб страната, со цел граѓаните да ги даваат своите предлози и сугестии за претстојната 2020 година.

 

Како резултат на тешката финансиска состојба, нашата цел е да создадеме сеопфатен и рационален Буџет, кој овозможува решавање на клучните проблеми на граѓаните и придонесува во развојот на Општината.

 

Добиените резултати во голема мера придонесуваат во креирањето на новите буџетски програми и приоретизирање на работите на локално ниво.