Општина Карпош деновиве започнува со отстранување на оштетените и дотраени реквизити од детското игралиште спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“, во урбаната заедница „Пецо Божиновски – Кочо“.

Имено, популарниот „брод“ е целосно оштетен и небезбеден за користење и рекреација на најмладите. Од таа причина, целосно ќе се демонтираат реквизитите и во текот на април ќе бидат поставени нови.

Ги повикуваме родителите, кои најчесто ја посетуваат оваа зона со своите деца, привремено, додека траат изведбените активности, да не се рекреираат во овој дел од Карпош.

Локалната самоуправа продолжува со тековното унапредување на инфраструктурата за најмладите. Во изминатиот период беа реконструирани и детските игралишта во Влае 2, во Жданец, во Козле (на ул. „Јуриј Гагарин“), во Карпош 4 (долж „Никола Парапунов) и др.

Општината апелира на правилно и одговорно користење на урбаната опрема (реквизити, клупи и корпи за отпадоци).