Учениците од одделенската настава од ООУ „Вера Циривири Трена“ имаа можност да бидат вклучени минатата среда во Кампањата за бесплатни очни скрининзи во градинките, која се спроведува повеќе од една ипол година, преку проектот на УСАИД и ЛЦИФ за децата со пречки во видот.

Главната цел на проектот е да се овозможи подобрување и квалитет на образованието за децата со оштетен вид како и рана детекција за можни очни болести.

Проектот „За децата со пречки во видот“ опфати пет градови во Македонија, а направени се над 9.500 скрининзи кај деца на возраст од три до шест години, како превентивна мерка за рано откривање на аномалиите на очите кај децата.

Бесплатните очни прегледи беа предводени од страна на проектниот тим на 15-на истакнати офтамолози од државните и приватните очни клиники од Македонија.