Вчера попладне, во близина на споменикот на народниот херој Кузман Јосифовски Питу во Козле (на ул. Јуриј Гагарин, позади „Салон 29“) силниот ветер и поројните дождови урнаа голем чемпрес што го попречило движењето на граѓаните и возилата.

                        Комуналните служби на Општина Карпош веднаш реагираа и дрвото беше исечено и отстрането во текот на денешниот ден.