Со  чистење на училишните дворови, денеска, еден ден порано, основците ја најавија  големата еко-акција , која што утре, ќе ја спроведе на својата територија Општина Карпош, со помош на неколку институции , заинтересирани граѓани и општествено одговорни фирми. 

Заедно со своите наставници, основците од сите десет училишта кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа, ги чистеа училишните дворови и засадија  нови садници. Исто така, преку транспаренти напишани на хамер, тие  упатија пораки за  заштита на животната средина, и потребата од одржување на здрава   животна  околина.