Со  победата од   1:0   во натпреварот со  учениците од Општина Гази  Баба, учениците од  Општина Карпош станаа футсалски шампиони во купот „ Св. Георги“ во  оваа  2019 година. Третото место им припадна на учениците од Општина Кисела Вода, кои ги победија своите врсници од Општина Центар со резултат  2:1.

 

Денеска, ученици од овие скопски општини ќе играат полуфинални кошаркарски натпревари во спортската сала „ Независна Македонија. Тимот од Карпош ќе игра против  екипата од Центар, додека  во другиот полуфинален натпревар ќе ги одмерат силите екипите од Гази Баба и Кисела Вода. Во текот на оваа седмица ќе се одиграат и одбојкарски наптревари.