Како дел од практичната настава по предметот по Општество, денеска третоодделенците од Меѓународното приватно училиште „ИПС – Македонија“ беа во посета кај градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски. На средбата која што беше од образовен карактер, учениците поставуваа прашања кои се однесуваат на функционирањето на локалната самоуправа и како нејзините одлуки и активности влијаат на заедницата, а првиот човек на општината им даваше стручни одговори.

Инаку, третоодделенците од „ИПС“ работат на трансдисциплинарната тема „Како да се организираме“, при што ја обработуваат централната идеја „Како луѓето делуваат во заедницата во која што припаѓаат“.