Петооделенци од ООУ „ Вера  Циривири Трена“ предводени од своите одделенски  наставници Анита Петровска, и Велимир  Новески беа во посета на Владата на Република Македонија. Целта на оваа посета на основците е  тие, да се запознаат практично со работата и  ингеренциите на највисоката извршна  власт , односно кои се надлежностите на премиерот, министрите и нивните заменици.

 

Учениците ја посетија салата за билатерални средби, каде се пречекуваат претставници на Влади од други држави, како и салата за конферении за печат, и салата за одржување на седници на Владата.

На овој начин , петтоодделенците од „Вера Циривири Трена“ се запознаа одблизу со начинот на фунционирање на оваа државна институција.