Учениците и наставничките од ООУ „Владо Тасевски“, денеска ги посетија урбаните заедници во општина Карпош, Пецо Божиновски- Кочо и Кузман Јосифовски –Питу. Со веселите детски насмевки и креативните маски, тие заедно со административците го прославија денот на шегата, први април. Соработката на ова основно училиште со сите урбани заедници во општина Карпош, прераснува во прекрасна традиција.