Изминативе денови, во рамки на активностите кои се дел од наставната програма по предметот Општество, ученици од четврто одделение од основните училишта “Димо Хаџи – Димов” и “Вера Циривири – Трена” ја посетија Општина Карпош. Имено, учениците придружувани од предметните наставници се сретнаа со градоначалникот  Стефан Богоев, кој со задоволство одговараше на нивните прашања.

Основците се интересираа за тековните активности во Општината, за начинот на кој може да се стане градоначалник, како и за заштита на животната средина. Голем број од прашањата се однесуваа на плановите на Општината за изградба на нови зелени површини,  како и паркови за миленици.

Богоев посочи дека заштитата на зеленилото и негово зголемување е приоритет, како и изградба на нови детски игралишта за спорт и рекреација на најмладите.

Општина Карпош ја поздравува иницијативноста на овие училишта и ги охрабрува и другите наставници, ученици да продолжат со посетите по други установи и институции.

Ваквите посети се од исклучително значење е учениците на практичен начин да го видат функционирањето на органите на управата, како и да ги потврдат своите знаења кои изворно ги стекнале од учебниците и другите учебни помагања.