Одбојкарките од ООУ „Војдан Чернодрински“, се победнички во турнирот на одбојка на песок. Во денешното финале, тие ги совладаа основките од ООУ „Владо Тасевски“, со резултат од 2:1 во сетови. Бронзата ја освоија одбојкарките од „ Димо Хаџи-Димов“, кои ги победија врсничките од „ Петар Поп Арсов’.
Овој турнир се одигра  вчера и денеска на песочното игралиште во училиштето „ Никола Карев“.