По претходно објавен Јавен повик, Општина Карпош организира повторна Јавна анкета по Предлог Детален урбанистички план за блок Ј03.04, дел од Градска четврт Ј03, за плански период 2018-2023 година, која ќе се одржи од 3 -13 февруари секој работен ден, од 7:30 часот наутро до 15:30 часот попладне во просториите на УЗ Пецо Божиновски Кочо.

Повторната Јавна презентација пак, ќе се одржи на 8. февруари со почеток во  14:00 часот во просториите на УЗ Пецо Божиновски Кочо. Во оваа пригода ја информираме јавноста дека повторната јавна презентација за јавните претпријатија по гореспоненатиот Предлог – ДУП, ќе се одржи во просториите на Општина Карпош на 8. февруари, со почеток во 14:00 часот.

Границата на планскиот опфат на Предлог ДУП-от е дефинирана со Генералниот урбанистички план  на Град Скопје 2012-2022 година и Урбанистички план за Градска четврт Ј03, со следниве граници:

 

  • На Север по оската на ул. „Козле“
  • На Запад по оската на пат „Горно Нерези“
  • На Југозапад по оската на Јужната обиколница
  • На Југ по оската на ул. „Теодосиј Синаитски“ и
  • На Исток по оската на ул. „Нерешка“.

 

Анкетните листови  за учество на повторната Јавна анкета ќе бидат поставени во просториите на урбаната заедница Пецо Божиновски – Кочо, а соопштенијата за организирање на повторна Јавна презентација и Јавна анкета заедно со подетални информации за споменатиот ДУП, се објавени на официјалната веб страница на Општина Карпош www.karpos.gov.mk.

Оттука, во определениот рок, заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со Планот, можат да достават писмени забелешки на анкетните листови.

Соопштение 

Анкетен Лист

Цртеж