Во организација на ООУ „Братство“ и сесрдната поддршка од локалната самоуправа, денеска наутро се одржа општинскиот математички натпревар.

Учениците од десетте основни училишта од Општината, вклучувајќи го и приватното училиште „Јахја Кемал“, од четврто до деветто одделение си ги одмерија силите и знаењата на математичкиот натпревар кој се одвиваше на два јазика, македонски и албански.

                Бројката од 260 ученика ја докажа подготвеноста на децата во овој прилично тежок и мисловен предмет. Сојузот на математичари, кои воедно беа дел од Комисијата, во понеделник ќе излезе со точни и крајни резултати од  општинскиот математички натпревар, на којшто ќе се дознае победникот на овој натпревар на знаење.