Општина Карпош, без да го коментира, ќе го почитува Решението на Управниот суд на Република Македонија за времена мерка со која ѝ се забранува на Општината да презема какви било дејствија, сè до правосилно завршување на судската постапка за легализација на објектот гаража на семејството Петковски во Тафталиџе.

Меѓутоа, Општина Карпош не се откажува од натамошно и конечно судско разрешување на случајот со отстранување на дивоградбата и постапката ќе ја води до крај, во интерес на заштита на законите и законитоста, на јавното добро и на граѓаните на Општина Карпош.

Инаку ваквата судска одлука за времена мерка со која се „замрзнува“ отстранување дивоградба на територијата на Карпош , од 2005 година наваму е преседан, но и покрај тоа, локалната самоуправа како локална институција целосно ќе го почитува решението на Судот.