Синдикалната организација од Општина Карпош со освоени 27 бодови во машка, женска и мешана конкуренција, се промовираше во севкупен победник на 28. синдикални игри и средби, кои се одржаа минатиов викенд (1-4 јуни) во хотелот Белви во Охрид. Во рамки на синдикалните игри кои ги организираше Синдикатот на УПОЗ, учествуваа над 400 претставници од 35 синдикални организации од државава.

Во состав на овие натпреварувања, машкиот тим на Општина Карпош исто така заврши како првопласирана екипа, освојувајќи 10 поени.
Општинарите од Карпош доминираа во пет натпреварувачки дисциплини, при што ги освоија победничките пехари во кошарка и пикадо кај мажите, додека пак жените беа најуспешни во тенис, шах и пливање. Второто место во шах исто така им припадна на жените, а мешаната екипа (мажи и жени) го освои бронзениот медал во пинг-понг.