Во знак на поддршка на македонските граѓани и глобалната заедница на лица со хемофилија и вродени нарушувања на системот за коагулација, вечерва објектот во кој е сместена администрацијата на Општина Карпош беше осветлена во црвена боја.

Хемофилијата е наследно нарушување на коагулацијата при кое крвта на пациентот не коагулира соодветно, доведувајќи до тешки случаи на неконтролирано крварење, спонтано или после лесна повреда. Хемофилијата е прилично ретка и се јавува кај 1 на 10.000 лица.
Мотото оваа година на Светската Федерација за хемофилија е „Пристап за сите: Превенција од крварење како глобален стандард за нега“. Light it Up Red! Запали црвено!