🦟 Информација до граѓаните – Западнонилска треска

Општина Карпош активно ја следи состојбата со Западнонилската треска и, во координација со Град Скопје и надлежните институции, презема превентивни мерки за заштита на граѓаните.

🦟 Засилена дезинсекција: реализирано е дополнително авионско прскање против ларви на комарци, а во недела вечер ќе се спроведе и теренско прскање против возрасни комарци.

🏠 Апел до граѓаните: не оставајте застоена вода во дворови, тераси, саксии, садови и резервоари, бидејќи тие се потенцијални места за размножување на комарци.

🐦 Не допирајте мртви птици со голи раце!
Пријавете ги на единствениот број за итни случаи 112 или
0800 3 22 22 во Агенција за храна и ветеринарство.

Со заедничко и одговорно дејствување, придонесуваме кон поголема заштита на здравјето на сите граѓани.

Општина Карпош – навремено, одговорно и во грижа за граѓаните.