Делегација од Општина Карпош, предводена од заменик- раководителката на Секторот за Дејности од јавен интерес, Гордана Зафировска- Стојчевска и раководителот  на Одделението за спорт и култура Патрик Поповски, положи цвеќе на споменикот на народниот херој Кузман Јосифовски- Питу, кој се наоѓа на територијата на истоимената урбана заедница, во локалната самоуправа.

 

 

 

По повод, седумдесет и три годишнината од загинувањето на правникот, и македонскиот идеолог, кој се смета за еден од главните организатори  за поведувањето на Народно ослободителната борба, како и за свикувањето на Првото заседание на АСНОМ, на кое се поставија темелите на првата современа македонска држава, претставници од Сојузот на борците, граѓански здруженија, како и од политички партии, му оддадоа почит на македонскиот херој, од Втората светска војна, кој животот го положил токму за создавање на слободна и суверена македонска држава.