Почитувани,
На барање на раководителот на ЈП Комунална хигиена Скопје денеска е остварена средба со градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски при што е договорено како во периодот што претстои Општина Карпош и ЈП Комунална хигиена Скопје заеднички и координирано да ја одржуваат хигиената во интерес на граѓаните.

Заеднички е констатирано дека хигиената во оваа општина во голема мера е подобрена од пред три месеци, како и дека граѓаните на Карпош заслужуваат хигиена на високо ниво имајќи го предвид високиот степен на наплата за оваа услуга.
Со почит,
Општина Карпош