Истражувањето направено од Центарот за граѓански комуникации кое го одредува индексот на активна транспарентност на институциите, оваа година ја рангира Општина Карпош заедно со Битола и Валандово како најтранспарентна општина во државата со 97,1%, како и убедливо најтранспарентна општина во Скопскиот регион.

Работиме транспарентно и одговорно, јас како Градоначалник и општинската администрација секогаш сме на располагање на граѓаните на Карпош. Бројките се мерливи и им благодариме на Центарот за граѓански комуникации за рангирањето. Продолжуваме да работиме со отворени врати за секој граѓанин, истакна градоначалникот Стевчо Јакимовски по објавувањето на резултатите.

 

akt22.pdf (ccc.org.mk)