По повод Денови на Општина Кисела Вода деновиве се одржуваат училишни спортски натпревари во кошарка и фудбал за момчиња и одбојка за девојчиња. На овие спортски игри учествуваат тимовите од основните училишта од Карпош, Кисела Вода, Гази Баба и Аеродром.

На денешниот кошаркарски натпревар екипата од Општина Карпош убедливо славеше над основците од Аеродром со резултат 61-30.

Во рамки на спортската сала„Независна Македонија“, карпошани во финалниот меч кој ќе се одигра утре во 13:15 часот силите ќе ги одмерат со победникот од денешниот дуел помеѓу екипите на Гази Баба и Кисела Вода.

Идната недела на  9 и 10 мај, девојчињата ќе ги одиграат одбојкарските натпревари, додека пак на 11 и 12 мај момчињата ќе се сретнат на фудбалскиот терен.