ОПШТИНА КАРПОШ ДЕЛ ОД РЕГИОНАЛНИТЕ АКТИВНОСТИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД
- октомври 27, 2026
- 0
Денеска, во Град Скопје, се одржа работна средба на која беше презентиран проектот „ЕУ поддршка за воспоставување на регионален систем за управување со отпад во Скопскиот регион“.
На средбата присуствуваше градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, а во фокусот беше концептот за воспоставување интегриран, еколошки одржлив и финансиски одржлив регионален систем за управување со отпад.
Проектот е финансиран од Европската Унија, а го имплементира „Louis Berger“, со цел поддршка на регионалниот систем и подобрување на управувањето со отпадот во Скопскиот плански регион.
Посебен акцент беше ставен на јасното распределување на надлежностите и одговорностите меѓу Министерството, Град Скопје, општините, Центарот за развој на Скопскиот плански регион и јавните комунални претпријатија, вклучително и ЈП „Дрисла“.
За Општина Карпош, ваквите иницијативи се важен чекор кон подобри комунални услуги, поефикасно управување со отпадот и посилна меѓуинституционална соработка.
























