Со свечено дефиле низ градските улици, вчера вечер официјално беше отворен туристичкиот фестивал „ Лапта“ во истоимениот  кипарски град.  Осмиот по ред туристички фестивал на оваа островска медитеранска држава го прогласи за отворен градоначалникот на Лапта Фуат Намсој, во присуство на градоначалници од другите градови, пратеничка од Лапта во кипарското собрание, како и претставничките  од Општина Карпош Виолета Михајловска и Анета Марковска- Илиевска.

Фолклорната група „ Мирче Ацев“ со културен перформанс се претстави на оваа туристичка манифестација, а освен нашето културно- уметничко друштво, фолклорни групи од Полска, Турција и Кипар исто така имаа свое културно претставување на овој реномиран туристички фестивал. Фестивалот ќе трае до 24 јуни, додека оваа вечер познати поп звезди од Северен Кипар со музички настап ќе ги забавуваат присутните гости.