Предмет : Писмена реакција на Општина Карпош на пресот на советниците на ВМРО-ДПМНЕ До: Сите медиуми

 

Советот на Општина Карпош уште на седмата седница, одржана во февруари годинава, донесе Одлука за продажба на дел од општинскиот имот, со цел да се набави возило за собирање на лисја и смет, за одржување и подигнување на нивото на јавната хигиена во Општината.

Освен тоа, нашата цел беше да го растовариме општинскиот Буџет и да се намалат трошоците за сервисирање на општинските возила.

Во таа насока, на денешната седница на Советот на Општина Карпош, беше поставена и точка на дневниот ред за доделување на едно возило (SANG YONG) на користење на Полициската станица Карпош.

На овој начин, дополнително ќе се зајакнат капацитетите на ПС Карпош и ќе се зголеми нивната мобилност на терен.

Во претходниот период, Општина Карпош, заедно со претставници од ПС Карпош и СВР Скопје организираше теренски, маалски средби со граѓаните од повеќе урбани заедници со цел да се детектираат и решат дел од безбедносните проблеми во Општината.

На овие средби присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев кој изворно се запознаваше со покритичните локации во Карпош каде што е зголемен бројот на прекршоци.

Како резултат на овие теренски средби, се организираа граѓанско –  полициско патроли кои ја следеа безбедноста на повеќе локации во Карпош и се обезбеди поголем јавен ред и мир на платото кај Педагошка академија и Млечен ресторан.

Локалната самоуправа и во претстојниот период ќе продолжи да работи на зголемена безбедност во Општината, во соработка со ПС Карпош и другите надлежни субјекти.