Сопствениците на  ресторанот „Сокаче“, денес, во своето соопштение до јавноста потврдија дека Општина Карпош е таа којашто ги казнува кога не ги почитуваат законските  прописи и им изрекува мерки забрана за вршење  на дејност. Јавноста треба да биде запознаена дека вршеа огромни притисоци да им се простат тие казни, особено, токму забраната за вршење дејност.
Одговорот на локалната самоуправа е јасен: Секој којшто ги тормози и не ги почитува граѓаните на Карпош ќе ги почувствува законските последици врз себе. Очигледно е дека тие во Општината не наоѓаат „партнер“ за нивните специфични бизнис интереси, но, затоа пак, со притисоците успеале да „минат“ кај Второстепената комисија која решава за жалби, меѓудругите, и за вакви престапници.
 Ние како локална власт ќе продолжиме да ги санкционираме секогаш кога ќе го прекршуваат Законот, а Второстепената комисија пак, доколку продолжи да ги „помилува“,  тогаш ќе мора и тие да сносат одговорност.

 
За деновите во кои ја надминале дозволената бучава уредно ќе ги добијат записниците.Што се однесува до „игрите“ со приемот на поканите по принцип „јас сум кираџија, не сум сопственик“, Законот, сепак, има соодветно решение. Поканата ќе ја објавиме во два дневни весници, а потоа, се што е  изградено „на диво“ ќе мора или сами да го отстранат или тоа ќе го стори општинскиот инспектор со полициска асистенција.