Основното училиште „Јан Амос Коменски“ одбележува 57 години од своето постоење. Оваа година, како резултат на КОВИД – 19 пандемијата, патрониот ден се одбележа со прилагодени, претежно онлајн активности.

Сепак, училиштето организираше и ликовен и литературен конкурс за заинтересираните ученици.

Исто така, учениците подготвија и кратко видео од онлајн наставата, кое опфаќа интересни моменти од часовите.

Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев на сите ученици, наставници и административно – технички кадар им го честиташе денешниот ден:

– Оваа година, патрониот ден се одбележува со онлајн активности иако на сите ни недостасува вообичаениот начин. Искрено, се надевам дека следната година ќе се одбележи во поспокојни услови. Затоа што не постои онлајн платформа која целосно може да ја замени непосредноста, директниот контакт, поздрав, насмевка, емоција или перформанс.
Честитки и чувајте се, истакна Богоев преку својот официјален Facebook профил.

Во изминативе години континуирано се подобруваа условите во оваа образовна установа. Општина Карпош целосно ја реконструираше училишната спортска сала, а во надворешниот дел се направија и нови терени за кошарка, фудбал и ракомет.