Денеска, четврток (13.10.2016) во 11.30 часот во ООУ „Димо Хаџи Димов“ на свечен начин ќе биде одбележан почетокот на грејната сезона во ова училиште. Поводот  за денешната свеченост е пуштање во употреба на новиот систем на загревање, со користење на т.н. „дрвен чипс“ како специфичен енергенс кој се добива со преработка на отпадна био-маса.

На денешниот настан ќе присуствуваат градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, стручни лица од МАНУ, како и  претставници на меѓународни организации.