Денешниот финален меч во фудбал на песок кој се одигра на терените на кејот на реката Вардар, помина во голема неизвесност, во кој основците од „Димо Хаџи Димов“ во пенал завршница ги совладаа своите ривали од ООУ „Братство“ со резултат 5:4. Натпреварот помина во динамична атмосфера со многу шанси на обете страни и израмнет резултат во постигнати голови (3:3).

Сепак влаевчани беа поконцентрирани во изведбата на пенал ударите од белата точка, по што се промовираа во нови шампиони на училишниот фудбалски турнир на песок кој го организира одделението за култура и спорт од Општина Карпош.

Во борбата за третата позиција, фудбалерите од ООУ „Лазо Трповски“ беа поуспешни од своите соперници од ООУ „Јан Амос Коменски“, совладувајќи ги со резултат 2:1. Традиционалниот турнир во фудбал на песок се одржува по четврти пат, а во него учествуваат основците од десетте училишта од Општина Карпош.