За првото место во кошарка во спортската училишна лига на Карпош за 2017/2018година, во есенскиот дел, се изборија учениците  од ООУ“Димо Хаџи Димов“.

По одиграни девет кола со девет победи,тие заслужено застанаа на врвот од ранг листата.  Најдобар стрелец во карпошовата кошаркарска лига е Саве Манојловски (ООУ„Јан Амос Коменски“со постигнати 179 поени. За подетални информации за резултатите кликнете на следниов линк https://karpos.gov.mk/page/liga-kosarka