Со убедлива игра во финалето, основците од „Владо Тасевски“ ги совладаа своите ривали од ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ со резултат 19:8, со што го освоија училишниот ракометен Куп, кој се одржа по повод 42. роденден на Општина Карпош. На традиционалниот спортски настан учествуваа ракометарите од девет училишта кои се наоѓаат на територија на локалната самоуправа.

Финалниот дуел го следеше и претседателот на Советот на Општина Карпош, Андреј Манолев, кој во оваа пригода им го додели пехарот на победниците, како и дипломите на учесниците во финалето.

–          Морам да ви признаам, дека ми претставува особено задоволство што присуствував на финалниот ракометен меч помеѓу најдобрите екипи од Карпош. Посебно ме радува тоа што, на ваков начин – преку спорт и рекреација, заедно ќе и го честитаме 42. роденден на нашата Општина – истакна Манолев.

 Во своето обраќање, првиот човек на Советот на Општина Карпош, напомена дека локалната самоуправа и понатаму ќе ги поддржува основците од Карпош  во нивните напори и амбиции, да се изградат како врвни спортисти.