Октетот од ООУ „Владо Тасевски“ под раководство на менторот Елизабета Сакоман Станоеска, освои прво место на Државниот натпревар во Кавадарци со извонредната изведба на „Дафино вино црвено”.

По освоеното место хористите од ООУ „Владо Тасевски“ добија покана за учество на Меѓународниот натпревар кој ќе се одржи во Охрид и Бугарија.