По натпреварувањата во првиот дел од есенска сезона на фудбалската училишна лига во Карпош во која учествуваа десет тимови од сите основни училишта од подрачјето на локалната самоуправа, фудбалерите на ООУ „Владо Тасевски“ завршија на врвот од табелата како апсолутни победници.Во вкупно девет одиграни натпревари, тие извојуваа шест победи и два нерешени резултати и со тоа заслужено го освоија првото место во есенскиот дел од училишната фудбалска лига на Карпош за 2022/2023 година.

Со вкупно постигнати 20 голови во досегашниот дел од сезоната, моментално најдобар стрелец е Админ Абдула од ООУ „Братство“.
За подетални информации за резултатите кликнете на следниов линк https://bit.ly/3SPhAFw