По интервенција на градоначалникот на општина Карпош, од утре повторно во функција автобуската линија од Жданец до Сити мол.

Градоначалникот Стевчо Јакимовски денеска на средба со директорот на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје побарал информација зошто е прекината автобуската линија која беше пуштена во текот на изборната кампања. Од страна на директорот на јавното претпријатие е одговорено дека возилото било во дефект и истовремено е ветено дека дефектот ќе биде отстранет во текот на денот, по што најдоцна до утре ќе продолжи да сообраќа на релација Жданец – Сити мол.