ОД ОТПАД ОД ПАКУВАЊЕ-ДО ПРЕКРАСНИ УМЕТНИЧКИ ДЕЛА
- ноември 25, 2026
- 0
Во холот на Општина Карпош, денеска беше отворена Меѓународната изложба за деца и млади „Творење и креирање на дела од отпад од пакување“. Освен уметничките дела, направени од вредните и креативните умови и раце, на македонските основци, ширум државата, на оваа изложба, беа претставени и дела од основци од Чачак, од Р.Србија, како и од Цетиње и Тиват од Црна Гора. Гранд При наградата отиде кај учениците од ООУ „Костан Рацин“ од с. Брвеница, додека златната награда ја добија основците од ООУ„Алија Изетбеговиќ“ од с. Батинци. Учениците од ООУ „Кочо Рацин“, од Куманово, како и основците од ООУ„ Братство-единство“ од Охрид, ги добија сребрената и бронзената награда при наградувањето на уметничките творби.
Целта на изложбата, освен да се прикажат прекрасните уметнички и креативни дела од македонските основци, како и од учениците од соседна Србија, и Црна Гора, е да се подигне и свесноста од обезбедување на ефикасно и одржливо управување со отпадот, од пакување преку колективно постапување, во соработка со општеството, индустријата и институциите , со цел намалување на еколошкиот отпечаток и поттикнување на циркуларна економија во Македонија. Изложбениот настан, ќе трае три последователни денови, и ќе заврши в петок.











































