Како дел од редовните активности за одржување на хигиената и зеленилото во општина Карпош, викендов (13.08.2022) службите од локалната самоуправа ги кастреа и отстрануваа гранките на потегот по улицата Нерешка, која се наоѓа во населбата Жданец. Станува збор за обраснато зеленило кое навлегуваше долж патеката за пешаци, поради што истата беше  непрегледна за минување. По интервенција на стручните лица за одржување на хигиената во Карпош, пешачката патека повторно е прегледна и безбедна за движење.