На   денешната 27.седница на Советот на Општина Карпош, членовите на Советот дадоа  согласност за објавување на Јавен повик за изработка и реализација на проекти од областа на заштитата на животната средина и природата, и енергетската ефикасност. Всушност, станува збор за 1,5 милиони денари, буџетски пари од Општината, за кои ќе може да аплицирааат граѓански здруженија со предлог проекти од областа на животната средина и енергетската ефикасност. Комисијата која ќе ги оценува и одобрува проектите, ќе биде составена од  членови на Советот од советничките групи од власта и од опозицијата, како и од претставници од општинската администрација.

                      Советниците ја прифатија Предлог-одлуката за доделување финансиски средства како помош за санација на дел од опожарена куќа на Сашо Зиковски, а, исто така, одобрија  финансиски  средства  за лекување на Младен Ивановски.

На седницата, се прифати и  Одлуката за давање на согласност за потпишување на Меморандум за соработка во областа на енергетската ефикасност во домувањето со Здружението за хумано домување „ Хабитат Македонија“.

Денес беа изгласани и Годишните планови за вработување во 2020 година,  во три  детски градинки кои се наоѓаат на територијата на Општина Карпош: „ Мајски Цвет“, „ Пролет“ и „ Распеана младост“.

       Предлогот – решението за давање согласност за на Годишниот план за изменување и дополнување на Годишниот план за вработување за 2020 година во десетте основни училишта : ООУ „ Аврам Писевски“ , „ Братство “,  „ Владо Тасевски“, „ Петар Поп Арсов“, „ Јан Амос Коменски“, како и „ Вера Циривири- Трена“, „ Христијан Тодоровски- Карпош“, „ Лазо Трповски “ , Димо Хаџи  Димов“ и  „ Војдан Чернодрински “, исто така доби  „ виза “ од советниците на Карпош.

На  седницата   се одлучи да се одобри финансиска поддршка за  воспоставување и одржување на советувалишен центар за жртви на семејно насилство чиј предлагач е  Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство – Скопје.