Денеска, во ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ започнаа полуфиналните натпревари во одбојка за девојчиња, во рамки на училишните спортски игри на територијата на Општина Карпош. Првиот полуфинален дуел го добија основките од ООУ „Петар Поп Арсов“, кој со убедливи 2-0 во сетови (25:11, 25:9) ја совладаа женската екипа од ООУ „Димо Хаџи Димов“. Во второто полуфинале кое ќе се одржи на 3 мај силите ќе ги одмерат екипите на ООУ „Владо Тасевски“и ООУ „Војдан Чернодрински“. Финалните натпревари се закажани на 12 мај.