Со  новата учебна  година, ќе се зголеми безбедноста на учениците во  сите основни училишта кои се наоѓаат на територијата на локалната самоуправа. Општина Карпош во соработка со училиштата, назначи  одговорни   лица, вработени во самите училишта (од  ненаставниот кадар),  да се грижат за безбедноста на учениците.

 

 Всушност станува збор за  побезбеден пречек на учениците пред почетокот на наставата,   грижа додека трае  големиот одмор, и по завршување на наставата. Во  унифицирани жолти елеци и знак стоп за пешаци, тие ќе ги  спроведуваат учениците, односно ќе им помагаат додека ги поминуваат фрекфентните  улици,  во близина на основните училишта во Карпош. Оваа безбедносна   новина, почнувајќи од годинава, ќе се спроведува секој работен / училишен ден, преку целата година.

 

За   зголемување на безбедноста на учениците, овој месец ќе има поставување на лежечки   полицајци пред  ООУ „Војдан Чернодрински“  во урбаната заедница „Владо Тасевски“, ООУ „Братство“ во урбаната заедница Тафталиџе 2,  ООУ „Јан Амос Коменски“ во Тафталиџе 1,  и ООУ „ Димо Хаџи Димов“ во  Влае 2. Веќе ваков лежечки полицаец е поставен пред  ООУ „Вера Циривири Трена“  во Карпош 2.