Општина Карпош  деновиве работи на решавање на одводнувањето, односно прифаќање на атмосферските води на паркингот во непосредна близина на старскиот дом „Елисавета“ и  станбена зграда во Карпош 4.

         Станува збор за изведба на т.н. попивателен бунар и два странични сливници. Изведбата ја врши МЗТ-ОЗТ „Пумпи“, а реализацијата ќе ја чини Општината околу 100.000 денари.