Одбојкарките од  ООУ „ Владо Тасевски“  се победнички на турнирот во  одбојка на  песок, кој се одржа на теренот на С.Р.Ц „ Никола Карев“. Денеска,  тие во финалето, ги совладаа врсничките од „Војдан Чернодрински“ со резултат од 2-1 во добиени сетови. Вкупно осум училишта од територијата на Општина Карпош се натпреваруваа на овој турнир кој се одржува традиционално,  по четврти пат.

Третото место го освоија ученичките  од  „ Христијан  Тодоровски- Карпош“, победувајќи  ги одбојкарките од „ Лазо Трповски“ со 2-0 во сетови.

 

Вчера, основците од „ Димо Хаџи Димов“ на пенали ги победија учениците од ООУ „ Братство“ со резултат од 5-4, на фудбалскиот турнир на песок. Овој турнир се одржа на терените на кејот на реката Вардар. Во борбара за третата позиција фудбалерите од  „ Лазо Трповски“ беа поуспешни од своите ривали од  „ Јан Амос Коменски“ победувајќи ги со 2-1. Овој фудбалски турнир традиционално се одржува по трети  пат.

 

Раководителот на Одделението за култура и спорт Патрик Поповски, им додели пехари и медали на првите три најдобро пласирани тимови на фудбалскиот  турнирот на песок за момчиња и одбојкарскиот турнир на песок за девојчиња.

 

Локалната самоуправа постојано вложува во развојот на спортот, и не случајно, спортските тимови од училиштата во Карпош, освојувале бројни награди и медали на градски и државни натпреварувања.