Основците од ООУ „Петар Поп Арсов“ го освоија првото место во регионалните натпревари во одбојка за машки на ниво на град Скопје, кој се одигра во петокот (25.03.2022). Младите карпошани ја освоија првата позиција, совладувајќи ги во финалето своите ривали од ООУ „Партенија Зографски“ со 2:1 во сетови.

Третото место го освоија учениците од ООУ „Живко Брајковски“, додека пак четвртата позиција им припадна на одбојкарите од ООУ „Ристо Крле“. Организатор на регионалните натпревари во одбојка за машки е Федерацијата на училишен спорт на Македонија.