По  повод, одбележувањето на 79 -годишнината од формирањето на Првиот скопски партизански одред, денеска (22. 08.2019 година), четврток, во 10:00 часот ,  градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев и претставник од Сојузот на борците ќе положат цвеќе на спомен-обележјето во  Карпош, и воедно ќе се обратат пред присутните. Споменикот се наоѓа на бул. Илинден, веднаш до   бензиската пумпа на Макпетрол во населбата Карпош 3.