Одржувањето на здравата животна средина, хуманитарниот пристап и грижата за најмладите, се трите основни столба врз кои се темели развојот на нашата општина. Токму затоа, 46 годишнината од основањето на локалната самоуправа ќе го одбележиме со организирање на настани од областа на екологијата, солидарноста и детската заштита, спортот и културата. Роденденот ќе го прославиме во работна атмосфера, заедно со нашите сограѓани карпошани.