Денеска во Средно Нерези традиционално беше одбележан празникот Св.Пантелејмон. По тој повод членовите од Советот на Општина Карпош и преставници од локалната самоуправа го посетија храмот Св.Пантелејмон при што се сретнаа со присутните граѓани. Во оваа пригода, тие си го честитаа денешниот празник, посакувајќи си добро здравје, среќа и благосостојба.