Делегација на Општина Карпош, предводена од градоначалникот Стефан Богоев, претседателот на Совет, Андреј Манолев и членот на Советот, Филип Даскаловски, денеска положија свежо цвеќе пред спомен обележјето на Јуриј Гагарин, во Карпош, во знак на одбележување на Меѓународниот ден на космонаутиката.

На манифестацијата присуствуваа претставници на повеќе институции и амбасади, а учениците од ООУ „Димитар Миладинов“ читаа поезија посветена на Јуриј Гагарин.