Вкупно 105 учесници, воспитувачки и негователки од градинките од Општина Карпош учествуваа на работилница за зајакнување на капацитетите за  работа со деца со посебни потреби.

Оваа работилница се спроведе во соработка со “Монтесори” здружението, како долгогодишен партнер на Општина Карпош.

 

 

Во најстарата градинка во Република Македонија, “Орце Николов”, градоначалникот Стефан Богоев ги додели сертификатите на воспитувачките и негователките за успешно реализираната работилница, и ја истакна потребата од дополнително спроведување на овие проекти:

 

 

–                    Општина Карпош уште повеќе ќе работи на зголемување на вклученоста на лицата со посебни потреби, особено на најмладите. Чувствуваме поголема одговорност кон децата, да им овозможиме подобри услови за следење на воспитно – едукативните програми и нивна полесна социјализација, посочи Богоев.

 

 

Со оглед на фактот дека живееме во динамично време, каде што постојаното учење и надградба се вистинска потреба, од огромна важност е усовршувањето на работниците кои се вклучени во воспитно – згрижувачкиот и образовен процес на децата, со посебна нагласка на децата со посебни потреби.

 

 

Претседателката на “Монтесори” здружението, Билјана Стерјадовска Стојчевска го истакна своето задоволство од овој проект кој е во рамки и на Националната стратегија за образование 2018 – 2025 година.

Една од примарните цели на овој проект е да се препознаат потребите на лицата со посебни потреби, да се развие комуникацијата со нив и родителите да се упатат на стручните служби.

 

 

 

 

 

 

Градоначалникот Богоев посочи дека во 2018-та година ќе се интензивираат активностите и проектите кои се однесуваат на лицата со посебни потреби.

Намерата е Општината да ги поддржи овие обуки и работилници и во основните училишта на територија на Карпош, знаејќи дека бројот на деца со посебни потреби е во пораст.