Обезбедување на прва помош и превенција од повреди во воспитно образовниот процес, беа главните теми за кои се спроведоа две обуки за 70 наставници и 10 родители од сите основни училишта во Општина Карпош, од страна на меѓународната невладина организација „Линк Акрос“.

Наставниците имаа можност преку практични примери да научат како да пружат прва помош, да превенираат повреда, да третираат ученици – дијабетичари и како да постапат при епилептичен напад на ученик.

Градоначалникот Стефан Богоев изрази задоволство од спроведените обуки и соработката со „Линк Акрос“, со надеж дека истите ќе продолжат и во градинките.

Претставниците од меѓународната невладина организација се осврнаа на позитивните аспекти од овие обуки, со кои, меѓудругото, се зголемува детската заштита и се влијае врз сите учесници во воспитно – образовниот процес, за правилен третман и однос кон учениците.