Наставничкиот тим од ООУ „Вера Циривири Трена“ научи како треба да се заштитат себеси, а пред се децата од евентуален пожар. Во организација на Одделението за заштита и спасување од Општина Карпош заедно со трговското друштво „Елукс Пром“-Скопје и доброволното противпожарно друштво „Влае“ во соработка со противпожарен сојуз на Град Скопје, се одржа обука на тема „Противпожарна заштита“, а наставничкиот кадар како и техничкиот персонал и учениците се здобија со знаење во делот на заштита, спасување и евакуација при пожари.

 Исто така, тие беа запознаени со причините и последиците за настанување  пожари, видови пожари, заштита од пожари, нивно гаснење и употреба на ПП апаратите. По еднодневната обука пристутните се стекнаа со признанија за завршена обука за противпожарна заштита.

                        Оваа практика ќе продолжи и во наредниот период со што ќе бидат опфатени сите основни училишта и детски градинки на територија на Општина Карпош.